А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Стравот и паниката кај СДСМ се се’ поголеми и поочигледни

by А1он09/03/2016 - 15:17109
Share0

„ВМРО-ДПМНЕ: Стравот и паниката кај СДСМ се се’ поголеми и поочигледни како што наближуваат изборите на 5-ти јуни.

Следете a1on на Instagram Instagram

Деновиве сме сведоци на спроведување на ново сценарио за спас на раководството на СДСМ со три цели: алиби за да ги одложи изборите, алиби за да не излезе на избори или алиби за да не ги признава резултатите од изборите.

За таа цел од СДСМ измислуваат конструкции на кои им се смее и Даниела Рангелова од Брвеница и сите граѓани на Република Македонија.

СДСМ лажеше дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова живеела во Брвеница и на нејзина адреса имало 127 фантомски гласачи.

Следете a1on на Youtube YouTube

СДСМ лажеше дека на адресата на која живее пратеникот Димитар Стевананџија се регистрирани 22 гласачи. Стевананџија појасни дека станува збор за станбена зграда стара 55 години со 2 влеза и 16 станови во кои живеат неговите соседи. Манипулацијата на медиумите финансирани од Сорос и СДСМ е во тоа што ги вадат сите лица кои живеат на адреса ул. „Борис Кидриќ“ бр 16, но не кажуваат за колку станови станува збор.

СДСМ лажеше и дека пратеникот Павле Саздов поседува куќа во Бутел и дека на таа адреса се регистрирани 15 гласачи. Саздов јавно соопшти дека куќа и стан во Република македонија не поседува, а на адресата на која што живее се регистрирани само тој и неговата сопруга што може да се види со обична проверка на избирачкиот список.

Толку од аферите на СДСМ. Толку од фантомските гласачи на СДСМ.

Откако не успеаја овие измислици, медиумите под контрола на СДСМ започнаа да се повикуваат на јавувања од анонимни граѓани кои виделе фантомски гласачи во своите домови. Апсурдни и трагикомични се ваквите сценарија на СДСМ за спас на раководството на партијата.
За СДСМ фантомски се сите граѓани кои не гласаат за нивната деструкција и кои ги читаат лесно проѕирните манипулации од фабриките за афери на СДСМ.

Разликата меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ не е 10, ниту 100, ниту 1000 или 10 000 гласа. Разликата е 200 000. СДСМ знае. Затоа се плаши и бега од избори.

На граѓаните им е совршено јасно дека СДСМ губи само поради себе, поради политиката на деструкција и манипулација со која сака да ја покрие безидејноста и мрзеливоста.

СДСМ сака со фабрикување скандали да дојде на власт. На власт се доаѓа со добивање доверба од граѓаните, а не со лажење на граѓаните.

Ваквите обиди за манипулирање на СДСМ наидуваат на потсмев во јавноста. Граѓаните на 5-ти јуни на фантомските предводници на ваквиот катастрофален СДСМ ќе им го покажат патот надвор од политиката“, велат од центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Катерина Ѓуровски07/05/2026 - 14:07

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

Катерина Ѓуровски26/04/2026 - 15:45

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Катерина Ѓуровски14/04/2026 - 11:10

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто