ВМРО-ДПМНЕ: Со зголемувањето на цената на дизелот, Заев удира по најсиромашните

Од:

Заев трајно ќе ја покачи цената на дизелот за 4 денари, за да покрие долгови и да има за тендери порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Ребалансот на буџетот кој го предлага Заев предвидува воведување на нов данок, надомест за дизел горивата во висина од 4 денари. Со ова Заев сака за половина година да собере 27 милиони евра од џебот на народот во буџетот. Заев воведува нови давачки затоа што го испразни буџетот преку скапи набавки и плаќање и повеќе од двојно на тендери. Ова е удар врз земјоделците, врз транспортерите и врз сите граѓани кои возат автомобили кои користат дизел“ – се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Поскапува бензинот

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Поскапува дизелот

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците