ОКТА го зголемува попустот за дизел на 3 денари по литар и ја продолжува мерката до 6 април

Од:

Како одговор на тековната нестабилност на меѓународните цени, ОКТА го продолжува попустот што им се нуди на големопродажните и малопродажните трговци до 6 април, годинава.

Дополнително, попустот за дизел се зголемува од 2 на 3 денари по литар и истиот ќе стапи во сила од денес, 24ти март 2026 година.

Оваа доброволна иницијатива на ОКТА има за цел да им овозможи на трговците овој бенефит да го пренесат на крајните купувачи во земјава.

Трговците на големо и мало имаат целосна слобода самостојно да ги дефинираат своите цени, согласно нивната комерцијална политика.

Со продолжувањето на мерката и засилената поддршка за дизелот, компанијата повторно ја потврдува својата посветеност кон стабилноста на пазарот, сигурното снабдување и долгорочното партнерство со трговската мрежа во Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Нови цени на горивата

Горан Наумовски

Русија подготвена да им испорача на САД неограничени количества дизел, три танкери веќе пловат кон Северна Америка

Рускиот дизел утре тргнува за Америка

Поскапува дизелот

Трамп се брани по договорот со Путин: „Донесов правилна одлука за Американците“

HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба својата прва батериска постројка за складирање електрична енергија во Солун