ВМРО-ДПМНЕ: Случајот со поранешниот директор на СЗОР обид за дефокусирање од антидржавните политики

Од:

„Денешниот циркус на СДСМ и ДУИ не е ништо друго освен очајнички обид за дефокусирање на јавноста од катастрофалните, антидржавни политики.

Како што граѓаните стануваат се посвесни за неспособноста на владата и лагите на Зоран Заев, така ќе се засилува притисокот со политички монтирани случаи. Како што се зголемува револтот од насилничкото носење на штетниот закон за јазици, така се засилува и политичкиот прогон со неосновани пријави.

Само во држава каде што не владее правдата и каде што постапки се водат врз база на политички нарачки, а не врз база на аргументи, може да се креираат случаи во кои кривично се гонат лица, а нема утврдено никаква штета.

Дури и лично директорот на финансиската полиција призна дека во моментов немало утврдено никаква штета и дека таа дополнително ќе се утврдувала. Повеќе од јасно е кој и зошто наредил политички да се злоупотребуваат институциите за вакви излети. Секое незаконско и несовесно постапување ќе биде ревидирано, откако ќе се врати правната држава“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски