ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозно е однесувањето на власта, која соочена со пораз губи контрола

Од:

„Нервозата кај Заев и Пендаровски од неминовниот изборен пораз е се по очигледна. Активисти на власта се закануваат дека со пиштоли ќе влезат во ДИК, јавно пред камери, а Стево Пендаровски молчи.

Скандалозно е однесувањето на власта, која соочена со пораз губи контрола.

Пендаровски и Заев знаат дека губат и затоа и се закануваат.

Криминалитетот е зголемен. На само неколку дена пред избори од банка во Скопје одземени се 150.000 евра, а Спасовски молчи и се уште ги нема пронајдено разбојниците.

Дали со ваквото непостапување, Спасовски всушност ги крие разбојниците?

Постои основано сомнение во јавноста дека овие пари ќе бидат искористени за купување на гласови.

Поразот на Пендаровски кој е повеќе од јасен допринесе власта да прибегне кон криминални методи. Но ништо не може да го спречи падот на СДСМ, бидејќи граѓаните не поддржуваат криминал и насилие. Граѓаните сакаат право и правдина. Граѓаните ќе гласаат за Гордана Сиљановска Давкова“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз