ВМРО-ДПМНЕ: Скандалите со надзорот на коридорите продолжуваат, четворица добиле 900 илјади евра за еден месец за изготвување договор

Од:

Не престануваат скандалите врзани со надзорот за изградбата на коридорите 8 и 10д, кој што го ангажираше криминалната власт на Ковачевски и Груби. Оваа банда на власт ангажирала четири лица за изготвување на договор со фирмата изведувач за неверојатни 900 илјади евра за еден месец велт од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во услови кога не е прецизирана вредноста на вкупниот проект, кога нема целосна проектна документација за истиот, овие лица ангажирани од Губи и Ковачевски ги платиле речиси еден милион евра. Владата на најсиромашната земја во Европа се расфрла со народните пари замесечни хонорари кои се незамисливи за било кој во Македонија. Дополнително, клучната компанија во конзорциумот кој ќе го врши надзорот, компанијата Електра Солушн, која до скоро се занимавала со шиење гаќи, ќе добие најголем дел од средствата предвидени за надзорот. Патем да биде уште посомнително, надзорот во овој случај ќе добие неколкукратно повеќе од сумите кои се наплаќани за надзор на други проекти. Пример, надзорен инженер за автопатот Скопје – Блаце е буџетиран на 2.900 евра месечно, а за надзорот на Коридорите 8 и 10д за истата позиција се предвидени седум пати повеќе, односно 20.000 евра месечно. Услугата за еден геометар на надзорот на автопатот Скопје – Блаце чини 1.300 евра месечно, а за надзорот над Коридорите 8 и 10д е 5.600 евра месечно. Надзорен инженер за животна средина за надзор на автопатот Кичево – Охрид е тарифиран 5.450 евра месечно, додека за Коридорите 8 и 10д 9.000 евра. Како е возможно месечните надоместоци да бидат и до седум пати повисоки. Да вршеа надзор на изградба на вселенска станица немаше толку да бидат платени, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ