ВМРО-ДПМНЕ: СЈО е политичко обвинителство, управувано од страна на СДС

Од:

Како што минува времето, така на површина се повеќе излегува непрофесионалното, незаконско и необјективно постапување на СЈО кое е политичко обвинителство, управувано од страна на СДС со единствена цел да го оцрни раководството на ВМРО-ДПМНЕ, порачуваат од опозициската партија.

– Граѓаните го прочитаа СЈО. Веќе секому му е јасен начинот на кој една институција во 21 век во една демократска држава креира политички монтирани случаи без докази, без основна аргументација надвор од сите правни норми и стандарди. СЈО е мрачна страница на македонското правосудство, а граѓаните гледаат дека е политички инструмент и се срамат од него, рече Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ во денешната изјава дадена пред СЈО.

Нагласи дека СЈО, со сите обвиненија што ги покрена и истраги што ги спроведе, докажа дека се работи за политички нарачки и конструкции кои немаат врска со Уставот и законот.

– Тие единствено имаат цел да го оцрнат раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Прес-конференциите одржани од страна на СЈО беа идентични со партиските пресови на СДС. СЈО сега ги реализира нарачаните хајки против ВМРО-ДПМНЕ додворувајќи му се на Заев. Нивниот политички театар обезбедува материјал за медиумите под контрола на СДС за да креираат негативна слика во јавноста за ВМРО-ДПМНЕ, потенцира Костовски.

Таквата атмосфера, додаде, е неопходна додека „Заев ги распродава името на државата, името на јазикот, историјата и нацијата и е димна завеса која треба да ги дефокусира граѓаните од суштинските прашања“.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов