ВМРО-ДПМНЕ: СЈО е обична политичка алатка со ограничен рок на траење

Од:

„СЈО е политичко обвинителство, под контрола на СДС.

Сите отворени случаи од страна на СЈО како Таргет, Тврдина, Триста, Титаник, Траекторија, Тенк, ТНТ, Транспортер, Тендери и останатите се во целост политички конструкции кои немаат допирна точка со правото.

Обвиненијата за овие отворени случаи се без никакви докази, се со цел да се врши политички прогон на ВМРО-ДПМНЕ инспириран од СДС.

СЈО се обидуваше со пари да дојде до лажни изјави со цел да ги поткрепи монтираните случаи. Таму каде што не можеше да поткупи, СЈО се служеше со заплашување и закани врз лицата за да потврдат нешто што не се случило никогаш.

СЈО имаше и има само една единствена задача, а тоа е да истражува и обвинува за непостоечки случаи, кои ги измислуваше Зоран Заев.

Ова нема никаква врска со правото туку исклучиво со политика.

Постапките на СЈО од неговиот почеток до денес, само го потврдуваат фактот дека тие служат за една употреба на СДС, со цел оцрнување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

СЈО е обична политичка алатка која има ограничен рок на траење.

СЈО не смее да се става над законот. Согласно член 22 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, овој орган за селективен прогон не смее да води истражни постапки по истекот на 18-те месеци од денот на превземањето на предметите и материјалите во негова надлежност.

Секој нов прогон и тормозење кој СЈО ќе го врши врз граѓани, членови на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде противзаконски и ќе биде основ за одговорност на вработените на СЈО“, изјави Бојан Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски