ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Од:

Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери.

Седум години СДС не купи ниту едно противпожарно возило, во време на СДС пожари се гасеа со децениски стари возила. Бесмислени се соопштенијата на СДС кои направија историски грабеж и ја оставија празна државната каса.

СДС ја остави државата без пилоти, па мораше да се носат пензионирани пилоти и да се потпишуваат договори со нив за да можат авионите да летаат и да се гасат пожарите.

Апсурдно е СДС да зборува за одговорност и безбедност а во редови на СДС се уште седат бандити и криминалци.

СДС е демолирана партија во чии структури владее хаос и немаат расчистено со криминалот во сопствените структури.

СДС најмалку има право да зборува за безбедноста бидејќи во нивно време криминалци и бандите владееа со улиците.

Денес за разлика од претходно постои одговорност. За прв пат се фатени сторители на убиство во центарот на Скопје. Со СДС имаше пукања и убиства а сторителите никогаш не беа фатени и се шетаа слободни.

Сега за разлика од претходно се делува веднаш, а криминалците не гледаат повеќе соработник со МВР како што беше во времето на Спасовски.

Сега пред се има одговорност за секого а во време на СДС полицајци беа тепани од функционери на ДУИ па мораа да даваат изјави дека се удриле од пајак службата на ЈП Паркинзи.

СДС наместо да ја манипулираат јавноста, да си ја консолидираат партијата на која што рејтингот и е во слободен пад.

Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Наша должност како генерација е да се бориме за подобар живот и подобра Македонија

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски