ВМРО-ДПМНЕ се закануваат со тужби за Мухиќ и Мисовски, не го даваат кабинетот на Трајко

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски објави фотографија со која ја потврдува веста што А1он претходно ја објави, дека тие стражарат во кабинетот на претседателот на Собранието.

Тој се закани со тужби за пратениците од коалицијата на СДСМ, Ферид Мухиќ и Горан Мисовски.

Пратениците од коалицијата “За подобра Македонија” денес во Собранието ги реафирмираат следните позиции:

• секој Пратеник има мандат и должност да го почитува и штити Деловникот на Собранието, Законите и Уставот на Република Македонија
• Ниедна политичка амбиција на политичар или политичка партија, ниедна Платформа заверена во туѓа држава, не дава право за кршење на Деловничката процедура како дел од демократијата во Собранието

• Обидот за избор на Претседател на Собранието со кршење на Деловникот и Законите е нелегален и ниеден политички притисок тоа не може да го покрие
• Против пратениците Мухиќ и Мисовски, кои превземаа неделовнички дејствија и предизвикаа политичко насилство, ќе поднесеме кривични пријави до надлежните институции

• На Македонија во овие тешки и многу чувствителни моменти не и потребен нелегален Претседател на Собранието, нелегална Влада и создавање на тешки политички преседани со формирање на паралелни институции спротивни на Уставот кои можат да предизвикаат штетни и непоправливи последици

• Платформата од Тирана не е поважна од Деловникот на Собранието, Законите и Уставот на Република Македонија

• Пратениците во Собранието имаат мандат од граѓаните, граѓаните се носители на суверенитетот во Република Македонија и нивниот став е најбитен, без разлика дали е изразен на избори или на демократски протести

• Ниту политичкото насилство, ниту физичкото насилство во Собранието не се за оправдување, ниту пак заради насилни поединци некој има право целиот мирољубив народ да го нарекува терористи, напиша Антонијо Милошоски на својот фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица