• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Арсовски: Се дури е овој криминален картел на власт нема напредок за Република Македонија

by А1он11/05/2019 - 13:5111/05/2019 - 14:04279
Share0

Најголемиот скандал на непотизам во историјата на Македонија не смее да заврши само со минорни прекршочни мерки и потоа се да остане како што било до сега. Овде во најмала рака потребна e оставка. Оставката на Тања Ковачев е нешто што најмалку може да го направи таа самата во моментов, рече Димче Арсовски на денешната прес-конференција.

Добивај вести на вибер

Да потсетиме дека сопругот на пратеничката Тања Ковачев, Дејан Ковачев без соодветно образование е вработен во АД Аеродромски услуги- Аеродроми на Република Македонија. Сестрата на истата
ратеничка, Катерина Хаџиевска Јакимовска е вработена во УЈП како инспектор за игри на среќа, посочи Арсовски.

Зетот за сестра, Бобан Јакимовски беше вработен во Водовод и канализација Скопје, а Елеонора Фунду, золвата, односно сестрата на сопругот на пратеничката беше поставена како претседател на Надзорен одбор на АД Аеродромски услуги Аеродроми на Македонија каде што работи Дејан Ковачев
сопругот на Тања Ковачев, жената која што ги вработи целата своја фамилија и беше рекорден во непотистички вработувања Срамота е Тања Ковачев да помине само со парична казна од неколку
стотина евра. Практично сите овие вработени од нејзина страна од нејзиното потесно семејство каде што се утврди дека влијаела, да и ја донираат казната и се ќе си остане по старо. Затоа, потребна е нејзината ОСТАВКА! И на сите други исти како неа кои што влијаеле потребно е да си дадат оставки!, вели Арсовски.

Најважно е дека никој од овие луѓе вработени со влијание на Тања Ковачев, додаде Арсовски, нема сносено морална одговорност за да си даде отказ од работното место каде што се вработени со влијание на Тања Ковачев. Иако се работи за класичен непотизам кој се гледа од далеку, никој не се одважи од нив да даде отказ. Очигледно парите, високите примања и бенефициите им се послатки од се останато, смета Арсовски.

“Очигледно дека овие луѓе немаат срам и воопшто не им значи болката на оние фамилии кои немаат ниту еден вработен во семејството и сите овие фамилии кои што трпат за корка леб. Е тоа е се што треба да знаеме за матрицата и функционирањето на СДСМ кога тие се на власт.

Очекуваме дека Антикорупциска ќе се одважи и охрабри ваквите случаи да ги решава онака како што правото, но и моралот и етиката налагаат.

Епидемијата на непотизмот на власта на СДСМ не смее да се решава според народната “кучињата лаат, карванот си врви“, бидејќи во сите случаи се работи за огромни пари на граѓаните кои се трошат за натпросечни плати на блиски роднини на функционери на власта на Зоран Заев.

Непотизмот, криминалот, корупцијата и злоупотребите на оваа власт на Заев не оддалечуваат од Европа и немаат никаква ама баш никаква врска со европските вредности и принципи за кои што се обидуваат да ги говорат СДСМ.

Се дури е овој криминален картел на власт нема напредок за Република Македонија. Единствена успешна метла која може да исчисти е таа која што ќе го зафати прво Зоран Заев, а потоа и целата криминална багра околу него. Нормално тоа се граѓаните кои ќе ги исчистат на наредните избори за
избор на влада.”, заврши Арсовски.

vmro

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски се сомнева како мнозинството граѓани дека пожарите свесно се подметнуваат пред избори, има сеопфатен акциски план за чисто и здраво Скопје

А1он13/09/2025 - 16:5713/09/2025 - 23:42

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он03/05/2024 - 21:3103/05/2024 - 21:33

(ВИДЕО) Колева: ДПМНЕ лаже, да беа чесни нема да создаваа паника и хистерија кај граѓаните

A1on12/02/2024 - 15:33

Шутаров: ДПМНЕ да не го кочеше проектот за БТР немаше денеска да зборуваме за катализма на ЈСП и јавниот превоз

А1он14/11/2023 - 16:2214/11/2023 - 16:22

Мицкоски: За скандалот со Онкологија треба да има и кривична, но и политичка одговорност затоа што не се постапувало најмалку 6 месеци и се дозволило да се губат човечки животи

Предраг Петровиќ02/09/2023 - 15:04

Искршен автомобилот на Митева од ВМРО-ДПМНЕ

А1он24/07/2023 - 12:5024/07/2023 - 13:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен