Искршен автомобилот на Митева од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Оштетено возилото на Марија Митева член на Извршниот Комитет и Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Информацијата проследена со фотографии од искршеното возило ја објави токму Митева на Фејсбук.

Според неа позадината за оштетување на нејзиното возило е политичка.

„ Понеделничкото утро на мене и мојата фамилија ни започна вака, го најдов моето возило искршено и демолирано.

Очигледно се во паника и исплашени, па тргнаа да не заплашуваат и нас зошто знаат дека ќе има одговорност за сите криминали.

Ако некој мисли дека пораката е примена, можам само да ви порачам дека ваквите методи кои се одлика на страв предизвикуваат поголема храброст и кај мене и кај ВМРО-ДПМНЕ. Сега сме 100% уверени дека сме погодиле точно во сржта, а да знаете одговорност ќе има.“ напиша Митева

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Најширокиот автомобил во светот има два волани и може да се движи со брзина од 110 км/ч

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

Клима-уредот во автомобилот може да потроши и до 4 литри гориво

А1он

(ВИДЕО) Автомобил удри во група луѓе во Лајпциг, двајца загинаа

А1он

Автомобил „рено 5“ од 1982 година пронајден по 43 години, со само 12 поминати километри

А1он

(ВИДЕО) Митева: Владата со посебен фокус за Кочани, 100 милиони евра за капитални инвестиции