ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ покажува елементарно непознавање на ресорот финансии

Од:

Дополнителниот заменик министер за финасии Кире Наумов и неговиот кабинет можат слободно да продолжат да си наоѓаат занимации во лаги и манипулации кои сметаат дека ќе им донесат ситни политички поени. Граѓаните гледаат кој работи одговорно и посветено во интерес на народот.

Ова го истакнува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешното обвинување на Наумов дека со измените на Законот за ДДВ од јули 2014 година индиректно се зголемуваат даноците и со тоа се прави обид за зголемување на приходите во буџетот, во која посочува дека со тоа тврдење од СДСМ покажуваат елементарно непознавање од ресорот во кој имаат дополнително техничко заменик-министерско место.

– Да го потсетиме дополнителниот заменик Наумов дека прагот за пријавување на ДДВ обврзници во Македонија секогаш се движел околу 1.000.000 денари, вклучително и во време на СДСМ кога прагот за пријавување ДДВ беше 1,3 милиони денари. За да им се помогне на фирмите полесно да ги пребродат последиците од економската криза владата на ВМРО-ДПМНЕ го подигна прагот за ДДВ обврзници на 2.000.000 денари и пред две години повторно беше сведен на еден милион денари, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

. Измените на законот за ДДВ направени пред две години,се додава, со кои прагот се враќа на еден милион денари беа на иницијатива на малите фирми.

– Целта беше одржување на фер конкуренција на пазарот и воедно подобро позиционирање на малите фирми на пазарот од аспект на нивна препознатливост како ДДВ обврзници и соработка со големите фирми. Доколку Наумов побара по архивите на медиумите од пред две години, може да ги најде овие информации. Второ, доколку Наумов не е запознаен – во Македонија се врши поврат на ДДВ на сите ДДВ обврзници, се потенцира во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски