ВМРО-ДПМНЕ: Скопјани Шилегов го множат со нула

Од:

„Трибините на СДСМ се очајни и без концепт. Трибина за Скопје, за граѓани од други градови?

Тоа што СДСМ на главна трибина во Скопје носи партиски војници од други градови говори дека скопјани Шилегов го множат со нула. Не ни може поинаку впрочем затоа што ги оштети за 123 илјади евра за 7 даски од тропско дрво.

СДСМ не знае да смисли нешто ново, трибините им се копија на оние од ВМРО-ДПМНЕ од пред 10-тина години, а таму и се застанати во времето“, реагира ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата на Мартин Попов од СДСМ.

„Најдоброто за Скопје е Шилегов да си оди, затоа што градот го претвори во депонија, го искасапи зеленилото, а тендерчињата за набавки како онаа за пожарникарската скала за ненормални 1,7 милиони евра само се множат.
Скопје со Шилегов е најзагаден град во Европа, депонии и ѓубре на секој чекор, го остави градот без никакви капитални инвестиции, а потроши 12,7 милиони евра од продажбата на Градската куќа, пари на скопјани кои некој не знае каде завршија.

На трибините Шилегов требаше да одговори пред граѓаните како исплатил 10 милиони денари на компанија на зетот за сестра на секретарот на Град Скопје или како склучил тендери од 2.5 милиони евра со дел од скопските градоначалници без да ги објави јавно.

Чист и алпски воздух нема во Скопје, Луна парк нема, тунел под Кале нема, Скопје зелена метропола само во сон, Шилегов е брука од градоначалник.

СДСМ е најлошото нешто што му се случило на Скопје, единствени капитални инвестиции им се касапење дрва.

4 години Шилегов и СДСМ, 4 години проблеми и стагнација, 4 години украден живот за скопјани. Доста е!“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски