Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски, оцени дека оставката на јавниот обвинител Љупчо Коцевски претставува значајна победа за правната држава и јасен сигнал дека институциите не смеат да функционираат со изгубен легитимитет.

Според него, со оваа оставка се става крај на период во кој Јавното обвинителство било перципирано како партизиран механизам под политички влијанија и селективна правда, наместо како независна институција во служба на законот.

Петрушевски смета дека оставката доаѓа предоцна и дека со месеци се одржувало статус кво кое, како што вели, ѝ служело на поранешната власт на СДСМ и ДУИ. Тој најави дека ќе се отворат прашања за евентуално заташкување на десетици случаи на висока корупција и можни координации меѓу обвинители.

„Ова не е персонално, туку системско решение. Порака дека никој не е недопирлив и дека одговорноста е неминовна“, истакна Петрушевски.
Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека ќе инсистираат овој момент да се преточи во суштински реформи за департизација и професионализација на обвинителството, со цел воспоставување вистинска, неселективна правда и зајакнување на владеењето на правото.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ