51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Од:

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објави нови наводи за, како што тврдат, сомнителни јавни набавки во општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ.

Според СДСМ, податоците биле доставени од граѓани преку дигиталната платформа „МИЦКО.мк“ и се однесуваат на компанијата „Пирамид билдинг солушнс“, за која опозицијата тврди дека во периодот од 2022 година до денеска добила вкупно 51 тендер во општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, со вкупна вредност од околу 16 милиони евра.

Од СДСМ наведуваат дека најголем дел од тендерите биле доделени од општина Аеродром – 22, од Гази Баба – 10, како и од Ѓорче Петров, Прилеп, Битола, Гевгелија и други општини каде градоначалниците се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Според изнесените наводи, дел од тендерите биле финансирани и со средства од унгарскиот кредит. Последниот договор, како што тврди СДСМ, бил склучен во декември 2025 година со Град Скопје и изнесувал околу 320 илјади евра.

СДСМ дополнително тврди дека добиле информации од свиркачи според кои брачни партнери на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ наводно биле ангажирани во оваа компанија преку договори за дело, но велат дека тие податоци сè уште се предмет на проверка.

Од партијата ги повикаа Јавното обвинителство, Финансиската полиција и Државната комисија за спречување на корупцијата да постапат по овие наводи и да утврдат дали имало злоупотреби во доделувањето на јавните набавки.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?