(ВИДЕО) Попов: Благодарност до граѓаните на Скопје за вчерашната трибина, ,,Најдоброто” е печат на СДСМ

Од:

„Во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија сакам да изразам благодарност до граѓаните на Скопје за поддршката и масовната посетеност на вчерашната прва граѓанска трибина „Најдоброто за нашата општина“.

Им благодариме на скопјани и скопјанки за прекрасната, силна енергија на вчерашната граѓанска трибина, тоа за нас е мотив да продолжиме уште посилно“, рече Мартин Попов, организационен секретар на СДСМ.

„Масовната посетеност е показател дека граѓаните силно го поддржуваат концептот кој води напред, концептот кој обединува, концептот кој носи подобри услови за живот на граѓаните на Скопје но и ширум земјава.

За тоа говорат над 7.000 проекти кои во изминатите 4 години се реализирани на локално и централно ниво ширум општините и градот Скопје.

Затоа Најдоброто за нашата општина е препознатлив печат на СДСМ!

Најдоброто, затоа што СДСМ има најдобри проекти, најдобра понуда, најдобар концепт, најдобра визија и најдобар степен на реализација. За нас зборот е збор.

Дали станува збор за локално или централно ниво СДСМ е најдобриот избор на граѓаните.

Од другата страна гледаме што се случува со ВМРО-ДПМНЕ, освен блокади, деструкција, одбрана на криминалци и лажни вести нема ништо друго.

Дури и така наречените протести со 7-8 луѓе по улиците им издишаа. Граѓаните им покажаа дека не сакаат блокади, не даваат поддршка на деструкцијата.

Додека ВМРО-ДПМНЕ тоне, СДСМ продолжува заедно со граѓаните.

Граѓанските трибини ќе продолжат и во други градови, в понеделник сме со граѓаните на Прилеп а паралелно се одржуваат маалските и урбани средби ширум земјава.

СДСМ е во секое маало, секое населено место, секој град и општина, за да ги чуеме граѓаните а нивните предлози да ги преточиме во реални, конкретни проекти за следните изборни програми“, изјави Мартин Попов, организационен секретар на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ

СДСМ: Уште само 8 дена до уште едно големо неисполнето ветување на Мицкоски

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче е најголем застапник на бугарските позиции во Македонија

Предраг Петровиќ