ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Од:

Договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство не содржи никакви одредби за изградба на бегалски кампови во земјава, изјави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

„Станува збор за еден од посериозните документи што сме ги потпишале со сериозна држава како Британија. Договорот предвидува инвестиции и инфраструктурни проекти – железници, автопати, здравствена и енергетска инфраструктура. Но, спротивно на спиновите на дел од опозицијата, во него никаде не се споменуваат бегалски кампови“, рече Милошоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој објасни дека по излегувањето од ЕУ, Британија склучува ваков тип договори со сите земји од Западен Балкан и со самата Унија, со цел зајакнување на основата за соработка со Фронтекс во борбата против организирана и нелегална миграција.

„Овој механизам е комплементарен со Фронтекс. А најдобар демант на шпекулациите е изјавата на британскиот амбасадор, кој јасно кажа дека договорот се однесува на инфраструктура, економија, безбедност и образование – но не и на бегалски кампови“, додаде Милошоски.

Изјавата следува по текстовите на британски медиуми, кои објавија дека Лондон преговара со Скопје за можноста да депортира одбиени азиланти во Северна Македонија. Според тие информации, формалните разговори меѓу двете влади започнале уште есенва.

Би можело да ве интересира

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти