ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ кажуваа дека образованието им е приоритет, а кратат пари наменети за образование

Од:

Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ денес одржа прес-конференција на која што кажа дека СДСМ со новиот ребаланс во буџетот и кратењето од парите наменети за основното и средното образование ќе извршел класичен масакр во образованието и ќе уназаделе генерации млади деца.

– СДС со ребалансот на буџетот крати 453.800.000 денари, пари наменети за основно и средно образование. Со ова во основното и средното образование се блокираат инфраструктурни проекти, се кратат пари за реновирање и изградба на основни и средни училишта, се укинуваат пари за изградба на спортски сали во основни и средни училишта, се укинуваат и пари наменети за интегрирани училници за основното и средното образование со кои би се подобрил квалитетот на образованието на учениците, рече Стојаноски.

Според него, СДСМ биле тие што викале дека образованието им е приоритет, а сега се гледало како блокираат и укинуваат пари наменети за образованието.

– СДС се тие што велеа дека најмногу ќе вложат во образованието, а денес гледаме како кратат 453.800.000 денари само од основното и средното образование. Основното и средното образование се столбот на секој образовен систем и темелот на здрави и образувани кадри. СДС очигледно воопшто не води грижа како ќе се развиваат идните генерации на ученици, додаде Стојаноски.

Како што кажа тој, СДСМ уште еднаш потврдиле дека воопшто немале намера да вложуваат и да го развиваат образованието. Како што кажа Стојаноски, со самото тоа што се крател буџетот од образованието, тие потврдувале дека за нив инвестирањето во образованието било расфрлање.

– Срамно и жално. Инвестирањето во образованието е непотребен трошок, а набавката на октоподи, морска храна и цвеќиња очигледно е потребен трошок за функционерите на СДС. Ова е начинот на владеење на СДС. Ова е образовната политика која ја нуди СДС на државата. Со овие антиреформи на СДС, ние се враќаме 20 години наназад, заврши Стојаноски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски