ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев им сеат магла на струмичани со проектот за гасификација

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на струмичкиот градоначалник Зоран посочува дека СДСМ и Заев им сеат магла на струмичани со проектот за гасификација.

„Струмичани прескапо ќе го платат гасот, односно она што само фирмите на Заев ќе го добијат. Додека кланот Заеви прави милиони добивајќи бизниси од општина Струмица, струмичани треба да платат по 700 евра за приклучок кон гасоводната мрежа“, се вели во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа, се посочува, е доказ дека проектот е прескап и недомаќински направен.

„Заев со тоа сака товарот за финансирање на гасификацијата единствено да им го препушти на граѓаните, а корист да почуствуваат само неговите фирми“, се нагласува и се прашува каков бенефит ќе има едно просечно семејство кога треба да одвои повеќе просечни плати за да добие гас.

Гасификацијата, се додава, е сериозен и капитален проект. Затоа Економскиот совет на Владата веќе донесе одлука дека Република Македонија треба да го реализира како приоритетен правецот од Клечовце преку Штип, до ТЕЦ Неготино, со средствата кои се обезбедени од Клириншкиот долг, односно од средствата кои Русија и ги должи на Македонија.

„Веќе Владата има доставено апликација до Европската банка за обнова и развој да помогне при финалната анализа и понатамошно обезбедување средства за реализација на овие цели. За реализација на овие проекти граѓаните нема да се изложат на дополнителни трошоци, како што е со случајот во општина Струмица“, се нагласува во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ