ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги доведе земјоделците до питачки стап, немаат ни за леб

Од:

СДСМ во недостиг на идеи и корисни мерки шират лажни вести. Земјоделците две ипол години го фрлаат родот на буниште, сечат неколкугодишни овошни насади, а од СДСМ велат дека земјоделието бележи позитивни резултати, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Татјана Прентовиќ од СДСМ.

„Цените со кои СДСМ се фали се реалност само во нивните бледи изјави и прес конференции, реалноста помеѓу земјоделците е сосема поинаква.

Нема откуп, а каде што го има цените се катастрофално ниски. И што е најстрашно не ги задоволуваат ниту основните трошоци за производство.

СДСМ ги доведе земјоделците до питачки стап, немаат ни за леб. Субвенциите не се исплатени во целост. Проблемот со наводнување е факт низ цела Македонија. Земјоделието е буквално нефункционално.

Неспособноста на СДСМ се виде за овие три години. Потребно е под итно да се распишат предвремени парламентарни избори и да се стави крај на уништувањето на земјоделието. Време е да се започне обнова на Република Македонија.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ