ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да одреди термин за средба на Комисијата за настаните во Собранието

Од:

Илија Димовски, пратеник од  ВМРО-ДПМНЕ и член на Комисијата за настаните пред и околу Собранието што се случија на 24 декември минатата година денеска јавно ги повика на средба членовите на Комисијата предложени од СДСМ, Љубомир Фрчковски и  Рената Треневска Десковска.

Од нив Димовски побара во наредните пет дена да одредат термин и место за средба каде што би ги продолжиле дијалогот и дискусиите поврзани со процесот на работа на Комисијата, но и со конкретнo продолжение на седниците.

– Јас и колешката Дулиќ цениме дека конструктивниот пристап е единствен начин како можеме да дојдеме до финално решение од работата на Комисијата. Не би сакале со неконструктивен и некоректен однос да им даваме аргументи на оние страни кои не и посакуваат добар развој на Република Македонија, изјави Димовски.

Неформална комуникација има меѓу членовите на Комисијата, но вели Димовски во СДСМ често ги менуваат ставовите. Уште еднаш повтори дека членовите на Комисијата не можеле да се усогласат по четири точки од извештајот и оти дотогаш работата била конструктивна.

Повика да не се бараат изговори за да не работи Комисијата и изрази надеж дека ќе преовладува разумниот пристап и ќе биде направен добар прогрес.

Би можело да ве интересира

СДСМ: 24 декември е еден од најцрните датуми во нашата демократија, по девет години во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето

24 декември – се заборави и се повтори, одговорност никој не понесе

Наум Локоски

ВИДЕО: Насилно исфрлаше пратеници на СДСМ, сведок за 27 април, се уште го обезбедува Собранието

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Спасовски: 24 декември беше подлога за крвавиот четврток

Наум Локоски

ЦРМ: Одлуката на ЕСЧП е значајна победа во борбата за слобода на изразувањето во Македонија

Ана Ололовска

ЗНМ ја поздрави одлуката на Судот во Стразбур за случајот „Селмани и останати против РМ“

Ана Ололовска