ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

Од:

СДС и натаму тоне. Последните анкети говорат дека се пет пати послаби од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука очигледна е нервозата и следат навреди кон граѓаните што е за осуда.

СДС одговорот од граѓаните го доби на изборите во мај. Граѓаните рекоа јасно не за политиките на СДС. Граѓаните ја казнија СДС.

Од СДС пак како да не разбираат и наместо во јавност да настапуваат со визија, тие удрија по граѓаните.

За СДС под водство на Венко Филипче граѓаните се будали, а за претходниот претседател на државата, Стево Пендаровски беа стока.

Оттука СДС вината за тонењето да ја бараат во своите редови кои не знаеја ништо освен навреди и практикување на големо на корупција и криминал.

СДС треба едноставно да се извини за речникот кон граѓаните и да погледне кон себе. Навреди на адреса на граѓаните не смее да има, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари