ВМРО-ДПМНЕ: СДС почна да ја партизира државата

Од:

Премиерот Зоран Заев и СДСМ почнаа да ги реализираат ветувањата дека Македонија ќе ја направат партиска држава, а оти тоа ќе го платат граѓаните на Република Македонија со стотици милиони денари од Буџетот, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

– Деца на коалициски партнери на Заев, комедијанти кои глумеле објективни критичари, граѓани кои глумеле независни и невладини корективи на власта – сите денес се вработени во Владата и се платени со стотици милиони денари пари на граѓаните. Без квалификации и без критериум, освен тоа дека одработувале на интересите на Заев и ги манипулирале граѓаните, изјави денеска на прес-конференција Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо 500 евра плата за сите граѓани, додаде, Заев ќе ги плаќа само луѓето на кои им должи услуга и кои со години ги манипулирале граѓаните во негова корист.

– Народот не смее да биде доведен во ситуација со стотици милиони денари народни пари да се плаќаат извршители, војници и послушници на Заев кои се дел од планот државата да се претвори во партија, а партијата во држава, рече Колариќ.

Потенцира дека за само месец и половина, СДСМ започнала да воспоставува режим во Република Македонија, но оти отпорот од народот ќе го почувствува многу брзо.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад