ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ правеа матни тендери во четири очи, го испокрадоа Буџетот

Од:

Новото раководство на СДС, изгледа не се сеќава дека до пред шест месеци беа на власт. Но, затоа ајде да ги потсетиме! Седум години власт на криминалниот тандем СДС и ДУИ, не доведе до крах на системот и пораст на криминалот и корупцијата. Седум години власт на криминалниот тандем СДС и ДУИ, не направи ништо за да се зголемат платите во образование, здравство, администрација и останатите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Седум години власт на криминалниот тандем СДС и ДУИ, правеа матни тендери во четири очи, го испокрадоа Буџетот, за малку ќе прогласевме и банкрот како држава.
Седум години власт на криминалниот тандем СДС и ДУИ, инфлацијата беше двоцифрена, а платите не се мрдаа, ниту пак цените во маркетите се намалуваа. Да ги потсетиме, новите деца на Заев и неговиот потрчко Филипче, дека ова време заврши. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се бори против криминалот и корупцијата, ги покачува платите во образованието, здравството, администрацијата, се зголемува растот на БДП, имаме над 720 милиони евра инвестиции, цените за живот се намалуваат, а инфлацијата е помала од 3%. Оваа 2025 година, ќе биде полна инвестиции, нови автопати, градинки, болници, училишта, зголемени пензии и плати. ВМРО-ДПМНЕ кога нешто ветува, тоа и го реализира“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски