ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го уништија РЕК- со набавка и користење на несоодветен увезен јаглен оштетиле блок во комбинатот

Од:

Власта на ДУИ и СДС систематски го уништуваат најголемиот енергетски капацитет во Македонија РЕК Битола. Она на кое што ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше се случи. Независни експерти и медиуми известија дека на еден од блоковите на РЕК му се случила хаварија поради неквалитетниот јаглен од увоз кој скапо го набавуваше оваа власт на ДУИ и СДС велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Бидејќи речиси седум години не инвестираа во нови ископи и рудници на јаглен, среде криза на оваа неодговорна власт и текна дека има потреба од јаглен. И тогаш криминалците од власта се сетија овој јаглен да го увезуваат и од тоа да се печалат високи провизии, наместо да се ископува од домашни извори. Патем, како што пренесоа медиумите овој јаглен бил крајно некомпетентен, со наслаги слични на бетон, кои се лепат на опремата. Тендерот за набавка на јаглен го доби фирма од Мала Речица, а најголемиот дел од ваквиот јаглен беше набавен од Албанија. Вработените во РЕК и во ЕЛЕМ се под сериозен притисок да молчат, додека раководството се правда со вообичаените флоскули дека на блокот се прави “планиран/редовен ремонт“ или дека “опремата е премногу стара и дотраена“. Вистината е дека неодговорноста и криминалот на оваа власт на ДУИ и СДС го уништи енергетскиот сектор во државата и најголемиот енергетски капацитет РЕК Битола се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата