ВМРО-ДПМНЕ: СДС го толерираше Груби и кога ги потценуваше и навредуваше граѓаните

Од:

Креатор на Артан Груби, покрај ДУИ, е и СДС. Тие, заедно со ДУИ, го создадоа Артан Груби. Му дозволија и го толерираа во се она што тој правеше. СДС го толерираше Груби и кога ги потценуваше и навредуваше граѓаните и кога ги понижуваше и деградираше институциите кога, нон шалантно, по канцеларии играше фудбал или кошарка, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС го толерираше и му дозволи на Груби да ја ограбува држава, почнувајќи од Лотарија па се до министерството кое тој го водеше. Иако знаеја што прави Груби, СДС свесно му го дозволи тоа. СДС тоа, единствено, го правеа поради желбата да останат што подолго на власт. За криминалот на Груби виновни се и СДС. Во време на власт на СДС, Груби слободно и без никаков проблем си крадеше и ја ограбуваше државата, а за тоа не само што немаше кривичен прогон или пак постапка, немаше дури ни усна опомена или пак дистанцирање.

СДС и сега во опозиција молчи за Груби и не се дистанцира од него. Не го повикува да се врати во државата за да се соочи со правдата. СДС и Венко Филипче ако се барем малку доблесни треба да признаат пред македонската јавност дека тие го создадоа Груби и за тоа јавно да се извинат. А, истовремено да ги повикаат на одговорност и претходниците на Филипче, Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Затоа што, да не беше нивната желба за подолго останување на власт, Артан Груби немаше да и се случи на Македонија“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Судење за „Државна лотарија“: Обвинителството презентира докази за злоупотреби – за одбраната тие се нејасни и контрадикторни

Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за случајот „Државна Лотарија“

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Судот го одложи рочиштето за „Државна лотарија“ по приведувањето на Перпарим Бајрами, судењето продолжува на 18 септември