А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го претвора МВР во огранок на партијата

by А1он10/08/2017 - 14:59105
Share0

„Социјалдемократскиот сојуз прави хаос во МВР и го претвора министерството во огранок на партијата. Спасовски го партизира министерството и ги деградира професионалците, за сметка на партиски послушници.

Добивај вести на вибер

Оливер Спасовски и СДС во само два месеци на власт во МВР извршија голем број на деградирање во кариерата за неколку места на врвни и докажани професионалци, за на нивно место да унапредуваат луѓе блиски до СДС.

Според нашите информации Оливер Спасовски спротивно на систем на кариера и Законот за внатрешни работи поделил над 500 решенија, унапредувајќи партиски послушници и по 4-5 скалила, што е целосно против правно и недозволиво.

Со ваквото однесување Оливер Спасовски и СДС директно го загрозуваат безбедносниот систем и го доведуваат во опасност и јавниот ред и мир на граѓаните. Затоа два ипол месеци МВР нема ниту една реализација на откриена недозволена трговија со наркотици. Затоа МВР не може да ги открие сторителите на вандалскиот чин со демолирањето на православните гробишта во Љуботен. Затоа МВР не може да открие, да ги спречи и санкционира оние кои неодговорно се однесуваат и предизвикуваат пожари поради кои Македонија е во пламен.

Системот по кој што работи Оливер Спасовски е познат. Неговите најблиски соработници ги повикуваат вработените и под закани и уцени ги принудуваат сами да поднесат барање за прераспоредување. Пораката што им ја упатуваат е една. Или сами ќе си поднесете барање или ќе видите што ќе ве снајде. Гревот на сите оние кои треба да бидат сменети е затоа што професионално си ја вршеле работата.

Тоа што следи после е пополнување на испразнетите места со партиски послушници.

Спасовски именува луѓе, без да се објави интерен конкурс и поставува кадри кои немаат соодветно образование и потенцијал, а нивна единствена заслуга е тоа што се блиски до СДС.

ВМРО-ДПМНЕ апелира да престане кршењето на законите и партизацијата во МВР.

ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека Република Македонија е правна држава и секој треба да работи согласно Уставот и закон, и никако поинаку. Секое работење надвор од она што законски е предвидено ќе биде санкционирано со враќањето на правната државата и владеењето на правото.

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува и меѓународната заедница да го нотира и да реагира на ваквиот груб акт на партизација на МВР од страна на Оливер Спасовски и СДС. Партизацијата на МВР е недозволива и надвор од сите меѓународни норми во демократските држави.

Социјалдемократскиот сојуз и сите прекршители на законите ќе сносат одговорност за своите постапки. Заради ваквата неодговорност и неспособност СДС ќе се соочи и со политичка одговорност на следните локални избори и ќе биде целосно делегитимирана од страна на граѓаните“, изјави Сашо Павлоски.

dpmnemvrsdsm

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 13:35

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:25

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:0709/03/2026 - 12:07

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски08/03/2026 - 16:0108/03/2026 - 16:04

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски08/03/2026 - 12:0708/03/2026 - 12:23

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ07/03/2026 - 16:0807/03/2026 - 16:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен