ВМРО-ДПМНЕ: СДС е креатор, поддржувач и логистичар на криминалмите банди на ДУИ кои се пресметуваат меѓу себе

Од:

По соопштението на СДС дека Панче Тошковски е крив за безбедносната ситуација и фактот што има обид за убиство на нивен коалициски градоначалник, МВР можеби навистина треба да влезе во СДС за да провери некој да не упаднал во седиштето на партијата, превземал контрола и пушта вакви глупости во јавност велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС е креатор, поддржувач и логистичар на криминалните банди на ДУИ кои се пресметуваат меѓу себе. Тој е деветогодишен систем граден лично од Оливер Спасовски, Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Тие стапија во брак со криминалците, добиваа услуги, им полнеа за кутии, а за возврат власта на Спасовски, Заев и Ковачевски требаше да замижи пред секој нивен криминал. Сега се плаќа цехот. СДС треба да побара одговори за состојбите од нивниот стопан Али Ахмети, од Артан Груби, и од Спасовски. Ако се толку загрижени по истиот принцип ќе побараат одговори и за модуларната болница, за да не мислат дека кабелот е крив за десетици жртви, за трагедијата во Ласкарци, автобуската несреќа во Бугарија, за погромот на Онкологија и препродажба на цитостатици. Се дотогаш СДС, Ковачевски и Зечевиќ може само да го бројат времето за вистинско соочување со правдата, кое следи веднаш по изборите во мај. Тогаш Македонија ќе стане повторно во сопственост на секој еден граѓанин, за сметка на криминалните банди на СДС и ДУИ, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените