ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

Од:

СДС на предлог на Заев а поддржан од Филипче, избра старо ново раководство, но во истиот момент започнаа и реакциите од општинските организации на СДС низ Македонија, летатат оставки но и бараат оставки од Филипче. И покрај гласините и изјавите на Филипче за реформи во партијата на дело се покажа дека Зоран Заев е клучен фактор во партијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо подмладување, освежување и нови лица со нова енергија СДС повторно се потпира на веќе видените и истрошени кадри од кругот лојален на Зоран Заев. СДС на чело со Филипче промовира „нови лица“ кои се обременети со афери, скандали и без доверба кај народот, кои имале можност но не ги исполниле очекувањата и довербата која им била дадена од граѓаните.

Јон Фрчкоски, Јованка Тренчевска, Андреј Жерновски, Љупчо Фармаковски, Александар Наумоски, Филип Андов се луѓе кои се идентификуваат со низа скандали и контроверзии позади себе. Дека СДС се соочува со внатрепартиска криза и има недостаток на кадри, покажуваат и оставките од општинските организации на Ѓорче Петров, Битола и Крива Паланка. Петре Шилегов е еден од повеќето партиски функционери кои јавно бараат оставка од Филипче, нарекувајќи го „претседателот“ во иронија како што самите пишуваат во објавите на социјалните мрежи. Во СДС не може да има реформи додека Заев и истите луѓе 15 години ги водат клучните одлуки во партијата и кои ја доведоа СДС на дното а државата ја осиромашија. Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче, како и дистанцирање и оградување од политиките на Заев, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Филипче тврди дека ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ договориле блокада на Собранието со цел предвремени избори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Кој ќе ја плати струјата за дата-центрите – ќе има ли ново поскапување и дополнителен увоз?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче објави документ: Компанија тврди дека има 100 MW струја и пристап до Вардар за дата-центар