ВМРО-ДПМНЕ: Продолжува инвестицискиот циклус во здравството

Од:

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во континуитет продолжува да инвестира во здравството, во здравствената инфраструктура, обука и едукација на здравствениот кадар.

Ова денеска на прес-конференција го истакна Марија Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ, која рече дека новиот циклус инвестиции почнува со тендерот за набавка на опрема за Клиничката болница во Тетово, вреден околу 2 милиони евра со кој што ќе се набават повеќе од 1.200 парчиња медицинска опрема.

Таа рече дека овој циклус инвестиции е вреден 33 милиони евра со кои што ќе се набави опрема за над 100 јавни здравствени установи низ целата држава.

– Досега само во набавка на најсовремена медицинска опрема се инвестирани над 115 милиони евра со што значително се подобри здравствената услуга за граѓаните и се зголеми капацитетот на здравствени услуги кои што ги пружаат установите. Со ваквите инвестиции се обезбедија голем број мамографи, томографи, рентген апарати и други современи медицински апарати во повеќе здравствени установи, а со тоа граѓаните добија подостапни дијагностички услуги во рамки на градовите и регионите каде што живеат, потенцира Јакимовска.

Според неа, вакви сериозни циклуси на инвестиции се реализираат само во време на Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

– Жалиме што претходно СДСМ никогаш немаше слух за подобрување на капацитетите и опременоста на здравствените установи во државата. Тие трошеа сериозни суми на име на здравствен буџет во државата, а од тоа никој не гледаше ниту апарати, ниту подобрена инфраструктура. Единствено по кое јавноста го памети времето на СДСМ беше набавката на скап накит, сомнителни тендери за стентови и континуирани кризи со лекови. ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ќе продолжи да работи на подобрување на здравствениот систем во државата. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го ветува, тоа секогаш и го остварува, додаде Јакимовска.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка