ВМРО-ДПМНЕ преговара самостојно со Села за коалиција во Струга?

Од:

Во струшката јавност се погласни се коменетарите дека ВМРО-ДПМНЕ самостојно преговара со градоначалникот на Струга, Зијадин Села за коалицирање на локално ниво надвор од претходно формираната коалиција со СДСМ „Заедно за Струга“.

Неофицијално во преговорите кои оделе тешко, барањата на ВМРО-ДПМНЕ биле да ги добијат раководните позиции во некои од локалните сектори кои се под капа на општината, раководно место во струшката пожарна и колекторскиот систем кој е во склоп на МЈП Проаква, како и одреден број на вработувања.

Иако претходно ВМРО-ДПМНЕ бараше Македонец да биде секретар во општината тоа место најверојатно ќе остане во рацете на ДПА. Претседателот на струшкиот огранок на СДСМ, Ристе Ќушкоски за А1он рече дека и до него стигнале тие информации. Вели дека на средба со раководството на ВМРО-ДПМНЕ деновиве ќе бара објаснување и расчистување на таквите информации.

„Јас лично не верувам дека е така, но ќе сретнеме со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и ќе го дефинираме дали е тоа вистина, дали се сретнуваат и разговараат за формирање коалиција или тоа се само дезинформации. Во Струга кружат такви информации? Цела Струга зборува за тоа.Затоа оставам простор да видиме бидејки јавноста зборува за тоа. На средбата ќе го расчистиме тоа“, рече Ќушкоски.

Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струга, Перо Петкоски за А1он демантира дека преговараат без знаење на СДСМ.

„Преговори има но тие преговори одат многу тешко. Дали преговарате со Села посебно без СДСМ? Ние разговараме, но ние сме 11 советници кои се дел од коалицијата „Сојуз за Струга“ и за тоа стоиме се уште.Нема никакви поделби. Се едно е дали на средбите со Села ќе одам јас, дали претседателот на СДСМ, Ќушкоски. Нема никаква разлика во тоа“, рече Петкоски.

Градоначалникот на Струга, Зијадин Села за А1он вели дека прговара со сите.

„Разговарам си сите во интерес на граѓаните на Струга.Разговарате самостојно со ВМРО ДПМНЕ?Разговарам со сите“, рече Села.

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов