ВМРО-ДПМНЕ прашува како е можно ненамерно да се исече премиер од фотографија

Од:

Прашуваме како е возможно ненамерно да се исече премиер од фотографија за кого се вели дека сме пријателски држави. Верува ли некој дека е ненамерен пропуст како што вели Ковачевски реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на премиерот.

– Дали пријателството на Ковачевски е само за по дома, а кога ќе излезе надвор од државата никој не го есапи? Свесен ли е Ковачевски дека заради неговиот пристап на виткана кичма не го понижуваат само него, туку и целата држава. Дали пораката до Ковачевски е дека е до толку неважен, што не треба да го има ниту на фотографија? Дали Ковачевски побара извинување или ќе молчи и ќе се понижува и себе и државата Одамна знаеме дека во СДСМ немаат образ, но тоа не значи дека треба да ја срамат и државата, се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ