ВМРО-ДПМНЕ: Потпалувачите на пожарите во Македонија се блиски до опозицијата

Од:

Пожарите кои беа чести изминатава недела, беа организирани од група на лица кои не и мислат добро на Македонија, СДС освен што е некрофилска е и пироманска. За среќа, оваа слика исчезна со брзата реакција на Владата и институциите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Прашањето е дали оваа група на луѓе, која палеше низ државата, имаше за цел да создаде хаос низ Скопје и Македонија? Прашањето е сосема легитимно, бидејќи на местата на пожарите беа најдени дрва, бензин, гуми, ракавици. Ова не е случајно, туку намерно. Добро е што институциите веднаш ги реагираа и приведоа неколку лица, кои ги започнале пожарите, но жално е што овие лица се поврзуваат со опозицијата, односно СДС и ДУИ.

Дали СДС и ДУИ посегнаа по најлошото средство за дестабилизација и паника низ државата? Нам ова не не чуди, но е за секаква осуда. Да се посегне по палење на државата и опозицијата да се сити на истото е крајно безобразно и е кривично дело.

Ако ова и била намерата на опозицијата, веднаш треба да одговараат. За среќа, спремноста на кадарот, брзата реакција на институциите и опремата која благодарение на претседателот Мицкоски е ставена во употреба го прекина овој хорор, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ