ВМРО-ДПМНЕ поднесе пријава против Џафери за прекршување на Етичкиот кодекс

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ поднесе барање до пратеникот Панчо Минов, претседател на комисијата за деловнички прашања и прашања од етичкиот кодекс, да закаже во најкус можен рок седница на која што ќе се расправа за тешките повреди на етичкиот кодекс од страна на пратеникот и Претседател на Собранието Талат Џафери, кои што беа направени на 11 мај годинава информираше Антонијо Милошски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ние сите бевме сведоци, целата јавност ги виде тие тешки повреди и слушна, бидејќи тоа беше пренесувано во живо на радиодифузниот сервис на МРТВ и сите ги имаме и тие снимки и затоа во прилог доставивме и снимка до господинот Панчо Минов за да има материјали врз основа на кои што ќе може да работи оваа комисија. Тоа што сакам да го истакнам е дека најмалку четири пратеници од нашата пратеничка група, биле сведоци на овој немил настан, биле внатре во самата просторија каде што на еден вулгарен и недоличен начин, претседателот Џафери ги понижувал и им вршел притисок на вработени во службата во Собранието и истите тие пратеници ќе бидат расположени да посведочат кога ќе закаже господинот Минов ваква комисија за оваа тешка повреда на етичкиот кодекс рече Милошоски.

Тој потсети дека Талат Џафери лично на 11 јуни 2018 година го има потпишано етичкиот кодекс за однесувањето на пратениците во Собранието, каде што во член 14 е предвидено како тешка повреда на кодексот доколку некој пратеник врши притисок или недостоинствено се однесува кон вработени во Собранието.

– Апелирам, особено до пратеничките од понежниот пол, од владејачката коалиција да се придружат на оваа иницијатива, да се расправа на седницата за прекршување на етичкиот кодекс и да се донесе одредена санкција затоа што навредите, омаловажувањата и вулгатностите беа родово базирани на стереотипите на кој што очигледно сеуште во својот софтвер ги има Талат Џафери иако е претседател на Собранието.Се надевам дека пратеникот Панчо Минов нема да одолговлекува и дека ќе ја закаже оваа седница во најкус можен рок за да можеме со аргументи да донесеме и санкција за спикерот Талат Џафери вели Милошоски.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Сексистички навреди кон Силјановска на митингот во Куманово, Пендаровски се смее