ВМРО-ДПМНЕ: Подеднакво важно со решението на името е македонскиот идентитет

Од:

Иако се согласуваме за важноста од побрзото зачленување на Република Македонија во НАТО, сепак, треба да потсетиме дека за македонскиот народ подеднакво е важно задржување на идентитетот, изразен или поврзан со јазикот, националноста и името на земјата.

Ние во ВМРО-ДПМНЕ не планираме по толку многу години борба да се предадеме прифаќајќи уцени и диктати од страна на Грција, ниту  закани од каков било вид и од кого било. Нашата борба за македонското прашање е неотповиклива, неприкосновена и безалтернативна  и нема цена која ќе не натера да отстапиме од тоа.

Ова се наведува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ лиферувано откако лидерот на ДУИ Али Ахмети неколку пати јавно побара побрзо решавање на спорот со името и со тоа членство во НАТО.

– Со ова соопштение би сакале да му обрнеме внимание на г-динот Али Ахмети дека, иако се согласуваме за важноста од побрзото зачленување на Република Македонија во НАТО, сепак, треба да потсетиме дека за македонскиот народ подеднакво е важно задржување на идентитетот, изразен или поврзан со јазикот, националноста и името на земјата, се вели во текстот.

Ахмети, како што се посочува, добро знае или би требало да знае дека борбата на македонскиот народ за сопствениот идентитет, државност и самостојност, како и проблемите кои Грција ги прави по ова прашање датираат уште од пред повеќе од 170 години, поминувајќи повеќе премрежја, етапи, притисоци, крвопролевања, уништувања, прогони, присилни раселувања, нарушувања на човековите права и обид за уништување, односно бришење на македонската нација.

– Овие обиди продолжија и во последниве 23 години откако Република Македонија  доби самостојност како држава. Во тие обиди кои постоеа многу долго пред НАТО да се основа, македонскиот народ даде голема жртва и со загубени животи и со многу маки и малтретирања на Македонците.  А и самата земја во овие дваесет и три  години издржа многу удари и шокови, од типот на ембарга, блокади и слично, потсетува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Ние во ВМРО-ДПМНЕ, се истакнува во соопштението, не планираме по толку многу години борба да се предадеме прифаќајќи уцени и диктати од страна на Грција, ниту  закани од каков било вид и од кого било. Нашата борба за македонското прашање е неотповиклива, неприкосновена и безалтернативна  и нема цена која ќе не натера да отстапиме од тоа.

– Во тој контекст ВМРО-ДПМНЕ во врвот на своите приоритети  го има зацртано зачленувањето на Република Македонија во НАТО и ЕУ, но само под услов тоа да биде паралелно со задржувањето на идентитетот изразен преку формите наведени погоре и со компромис кој не го загрозува тоа и го одобруваат мнозинството граѓани на Република Македонија и македонскиот народ. Г-дин Али Ахмети вели дека сега е време, ние велиме дека секогаш е време, но не по цена на македонскиот идентитет, се наведува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит