ВМРО-ДПМНЕ: Платите во образованието да се усогласат со колективниот договор, се друго е замачкување очи

Од:

Платите во образованието да се усогласат со колективниот договор, се друго е замачкување очи, да има покачување и во здравството порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Со усогласување на платите со Колективниот договор во образованието, платите на наставниците, професорите и останатите во образованието треба да бидат до 45 илјади денари, бидејќи е нелогично асистент на факултет да има плата од 23 илјади денари, што е само нешто над минималната, а истиот тој човек инвестирал во своето образование и е магистер и со запишан докторат. Зголемување на платите треба да се направи и во здравството, но и во другите сектори кај што вработените земаат плати кои се нешто над минималната плата во Македонија. Сите граѓаните го чувствуваат по својот џеб каков драстичен пад на стандардот се случува и неправедно е некои од нив да не го добијат покачувањето на платите кое го заслужуваат. Во услови кога основните животни продукти поскапеа за над 30%, а горивата за 70%, во услови кога се зголемија сметките за струја и сите трошоци за живот, сите граѓани заслужуваат да земаат повисоки плати согласно сложеноста на работните места и обврски се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус