ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Од:

Панче Тошковски го суспендираше командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС претседател на Второстепена комисија, бивш претседател на СДС Велес го врати на работа.

Панче Тошковски на 16.02.2024 носи решение за суспендирање. Даница Чадиева на 22.04.2024 го враќа на работа со Решение на Второстепена комисија.

МВР постапува по решение на Второстепена комисија која ја води Чадиева од СДС.

Многу се бледи обидите на СДС, прво поставуваат деликвент на место командир, доаѓа ВМРО-ДПМНЕ го суспендира, потоа нивен кадар го спасува, а тие вперуваат прст кон ВМРО-ДПМНЕ. Зарем во СДС мислат дека народот нема поимање од ништо? Зарем толку го потценуваат народот и мислат дека вакви евтини конструкции ќе поминат во етер како вистина.

Вака реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по јавното прашање од СДСМ зошто командирот на полициската станица во Ропотово кој пукаше со „калашников“ и беше суспендиран и со кривична пријава, Тошковски го вратил повторно да биде командир во Ропотово.

Би можело да ве интересира

Приведен возач без дозвола и двајца малолетни сопатници, во возилото пронајден пит бул повреден во борба со кучиња

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Опожарени три возила кај Бит Пазар

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Претрес во Делчево, пронајдена дрога и огревно дрво без документација, лишено од слобода едно лице