СДСМ: Тошковски гордо стои покрај командирот што пукаше и беше суспендиран

Од:

Командирот на полициската станица во Ропотово кој пукаше со „калашников“ и беше суспендиран и со кривична пријава, Тошковски го врати повторно да биде командир во Ропотово. Прашањето е зошто?, се наведува во соопштението од СДСМ.

„Денеска го гледаме командирот што пукаше како гордо позира токму со неговиот пулен, Панче Тошковски. Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кој секој ден држеше прес конфереции се јави ли? Зошто го нема да одржи некоја прес конференција, да го повика на одговорност Панче Тошковски? Или и тој како Мицкоски се прави на Тошо, велат од партијата.