ВМРО-ДПМНЕ: Оставка и извинување од Ковачевски за понижувањето кое и го приреди на Македонија

Од:

Димитар Ковачевски не го штити, туку го продава македонскиот идентитет и Македонија.Едно зборува пред камерите, а зад камерите гледаме како се смее и одобрува Македонија да се нарекува Западна Бугарија реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по објавеното видео на кое албанскиот премиер Еди Рама пред канцеларот на Германија Олаф Шолц го претставува ковачевски како премиер на „идната Западна Бугарија“.

– Ковачевски и ова СДСМ се антидржавни елементи преку кои Македонија доживува понижувања. Во стилот на измеќар од Македонските Народни Приказни го видовме како се смее и одобрува едно од најголемите понижувања за Македонија. Еден Заев се замени со друг, во ликот на Ковачевски. Потребно е Ковачевски поради оваа скандалозна изјава веднаш да си даде оставка и да се извини велат во опозициската партија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Рама за хашкиот обвинител Хаулинг: „Каков меѓународен идиот“

А1он