ВМРО-ДПМНЕ: Охриѓани трпат штети поради неодговорноста на раководството на ЕЛЕМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на соопштението на ЕЛЕМ.

„Граѓаните на Охрид и охридско, трпат штети поради неодговорноста на раководството на ЕЛЕМ. Голем број на угостители долж охридското крајбрежје претрпеа огромни материјални штети, поради незнаењето на раководството на претпријатието да менаџира.

ЕЛЕМ неможе да ја избегне одговорноста за директната штета што ја предизвикаа. Доколку навремено е реагирано и водата од Охридското езеро навремено се испушташе и се полнеше Шпиље, каде имаме рекордни над 12 метри празен простор во акумулацијата, до поплави во Охрид и охридско немаше да дојде.

Неспособноста и неодговорнсота на раководните структури поставени од СДСМ во ЕЛЕМ ги чинат граѓаните и пари и нерви. Граѓаните очекуваат одговорност.

ЕЛЕМ со ова раководство доживува вистински крах. ЕЛЕМ не ја извршува својата обврска долгорочно да планира, оптимира и управува со ресурсите кои е должна да ги менаџира.

Наместо подобрување на енергетските капацитети на земјава раководството на ЕЛЕМ се зафати со партизирање на синдикалното здружение. Граѓаните не видоа ниту еден нов проект од раководството на ЕЛЕМ, но затоа писмата со апели да се запре со партизацијата на претпријатието од меѓународните синдикални организации за работењето на ЕЛЕМ станаа наше секојдневие“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците