ВМРО-ДПМНЕ: Од кога тоа Ново Нордиск произведува сомнителен инсулин и од кога тоа Данска е всушност Турција?

Од:

СДСМ и министерството за здравство очигледно се многу нервозни за откривањето на аферата ИНСУЛИН. Фатени во скандалот кај уништиле што огромни количини инсулин со валиден рок до 6 и 7 месец 2020 година сега се обидуваат невешто да се правдаат со флоскули, лаги и манипулации, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштенијата на СДСМ и Министерство за здравство, кои се однесуваа на изјавата на Марија Андоновска.

„Тие треба да и одговорат на јавноста и на пациентите зошто се уништени количини на инсулин со валиден рок од светски познатиот произведувач Ново Нордиск од Данска чија вредност се мери во милиони.

Од кога тоа Ново Нордиск произведува сомнителен инсулин и од кога тоа Данска е всушност Турција?

Документите тоа го говорат, а Министерството за здравство и СДСМ ваквите документи не ги негираат.

Рокот на инсулинот истекува 2 години по производството, според светската пракса, што значи дека токму во време на СДСМ се набавувала оваа количина инсулин имајќи во предвид дека уништениот инсулин имал валиден рок до 6 и 7 месец 2020 година.

Кој утврдил дека оваа количина инсулин е за уништување и притоа го одобрил тоа, наместо да биде дадена на пациентите?

Кој ќе ги сноси последиците за оваа милионска штета?

Нервозата во СДСМ и министерството за здравството е разбирлива. За ова ќе треба порано или покасно да дадат одговори, но и да понесат одговорност.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”