(ВИДЕО) Андоновска: Валидниот инсулин кој МЗ го уништи е од најреномираната данска фирма, се отвора сомнеж за нов тендер за фирма подобна за власта

Од:

„Aферата ИНСУЛИН ја признаа од Министерството за здравство. Сега јавноста ќе ја дознае целата вистина. Кога министерството не сака да ја приложи целокупната документација за ова скандалозно уништување на инсулин со валиден рок ние ќе ги предочиме фактите.

Дел од инсулинот, кој што бил уништен на ден 5.12.2019 година, имал валиден рок на употреба до 6 и 7 месец 2020 година. Патем овој инсулин бил произведен од една од најреномираните компании НОВО НОРДИСК од Данска и оваа компанија стои како гаранција за квалитетот на производот. Ако за министерството за здравство оваа компанија носи неквалитетни лекови со сомнително потекло, тогаш не знаеме која компанија произведува поквалитетен инсулин!

Паѓа во вода обвинувањето за неквалитетен инсулин“, рече Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Второ, беше кажано дека бил инсулинот со сомнителен квалитет. Ова е општа квалификација која што е неодредена. Кој утврдил дека инсулинот е сомнителен, и поради кои причини е таков? Има ли некаков документ со кој се прави анализа и оспорува неговиот квалитет?

Трето, беше кажано дека инсулинот бил набавен од претходната влада. А светската практика покажува дека нема инсулин со валиден рок постар од две години. Ако се земе предвид дека рокот на употреба истекувал дури 6 и 7 месец 2020 година, а ваквите производи имаат 2 години рок на употреба од производството на истата серија, тогаш испаѓа дека увозот на овој инсулин бил произведен најрано во 6 и 7 месец 2018 година. Ова е период кога СДСМ е на власт.

Четврто, ако принципот на паралелен увоз не чини, тогаш зошто оваа иста влада дозволи паралален увоз на бразилски инсулин, што прво го одобрија па потоа го повлекоа?

Министерството за здравство се заплетка во овој скандал уште повеќе.

Министерството за здравство и Филипче се фатени во лага. Документите покажуваат сомнеж дека се уништува здрав инсулин, за да има нов тендер кој ќе го добие некоја компанија блиска до власта.

Овој инсулин можеше да заврши кај пациентите, но заврши уништен на отпад. Кој ќе ја сноси одговорноста за ваквата постапка?

Бараме итни одговори. Бараме надлежните институции веднаш да го проверат овој скандал и индиции за криминал тежок над милион евра.

Оваа влада во заминување на чело со Заев и институциите под нејзина контрола ќе треба да понесат одговорност за сите криминали кои ги прават. Таа одговорност нема да биде само политичка изразена во катастрофален пораз на следните избори, туку и кривична за сите матни зделки и милионски скандали во кои длабоко се заглавени“, изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги потврди листите за пратеници

Катерина Ѓуровски

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

ВИДЕО: Време е за 90 пратеници и една изборна единца порача Мицкоски во промоцијата на изборната програма

Катерина Ѓуровски

Членство во ЕУ и продолжување на стратешкото партенство со САД – изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира програмата за парламентарните избори 2024