СДСМ: ВМРО профитерска ДПМНЕ набавуваше сомнителен инсулин, а денеска лаже

Од:

„ВМРО профитерска ДПМНЕ набавуваше сомнителен инсулин на штета на граѓаните а денеска лаже. Нов тендер нема, а уништен е турски инсулин од стоковите резерви, набавен со паралелен увоз во време на претходната влада, без проверен ладен ланец, без познато потекло и без оригинал сертификати.

СДСМ нема да дозволи да биде загрозено здравјето на граѓаните, за нас граѓаните се најважни. Профитерството, криминалот и расипништвото се олицетворение на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и тоа време заврши со нивното заминување во опозиција.

Навикнати на нивното режимско владеење со единствена кауза профит, не можат да се помират дека СДСМ одговорно се грижи за здравјето на граѓаните. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, каузата на СДСМ е граѓаните на прво место.

Министерството за здравство беше принудено да уништи сомнителен инсулин од паралелен увоз набавен во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Очајната опозиција соочена со извесен пораз на претстојните избори бадијала штанца лажни вести.

Граѓаните најдобро знаат за нивниот криминал врз грбот на граѓаните. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и после 12 април ќе остане опозиција“, се вели во реакција СДСМ на прес-конференција на Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му