ВМРО-ДПМНЕ: Низата понижувања кои ги донесе СДСМ резултираа со одлуките на Комисијата со која се прифаќа бугарскиот наратив за историјата на Македонија

Од:

Поразите и понижувањата се секојдневие со власта на СДСМ. СДСМ потпиша договор со Бугарија во 2017 со кој дозволи историјата да влезе како критериум за добрососедство. Потоа СДСМ дозволи да се создаде Комисија за историски прашања која треба да ги ретушира македонските учебници за историски личности и настани по бугарски терк велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Како продолжение на сето ова беше прифаќањето на Преговарачката рамка, а потоа и потпишувањето на Протоколот, преку кои СДСМ прифати историските теми да станат предуслов за евроинтеграциите за Македонија. Резултатот од сите овие понижувања во низа се одлуките на Комисијата која ги задоволува барањата на Бугарија. Со други зборови се прави прекин на континуитетот на постоење на македонскиот народ на овие простори. Штетноста на измеќарската политика на СДСМ се гледа во одлуките на Комисијата за средниот век, за прифатениот бугарски наратив за Кирил и Методиј, Климент Охридски, Наум Охридски и Цар Самоил. Токму на ова предупредуваше ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ дозволи Македонија да се доведе во потчинета положба во која евроинтегративниот пат и се сведува или на вечни преговори или на асимилација. Историјата не смее да биде услов и предмет на преговори. Сличен став имаа и експертите и историчарите за кои ваквите одлуки на власта на СДСМ се неприфатливи и штетни се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ