ВМРО-ДПМНЕ: Николовски мора да одговара за трошење на народни пари

Од:

Љупчо Дон Николовски дал нелегално половина милион евра субвенции на Арекспорт која не почитувала договор, или се обврзала на инвестиција од околу два и пол милиони евра, а не реализирала ниту 300 илјади евра. Николовски, поранешен министер за земјоделие потпишал договори за закуп на земјоделско земјиште со фирмата Арекспорт од Струмица со што го оштетил буџетот, кој се полни со пари на граѓаните, за околу половина милион евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Николовски морал да е во тек со реализација на договорот за закуп со Арекспорт. Зошто? Затоа што, прво, тоа е договор за закуп на над 1400 хектари, второ, тоа е договор кој не се извршува согласно закон и трето, тоа е договор за кој не се плаќа закупнина. А резултатот е, незаконски земање на половина милион евра субвенции. Љупчо Дон Николовски не само што можел, туку и морал да го раскине договорот за куп со Арекспрот. Зошто морал да го раскине договорот со Арекспорт? Затоа што фирмата Арекспорт се обврзала дека ќе инвестира 2 милиони и 450 илјади евра на закупеното земјиште, а не инвестирала ниту 300.000 евра. Николовски мора да одговори, зошто никој не контактирал со Арекспорт зошто не го реализира договорот за закуп? Николовски мора да одговара за трошење на народни пари, а надлежните институции треба да реагираат“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он