ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на оваа влада и Таравари зави во црно десет семејства

Од:

„Одговорноста и срамот на Таравари не може да ги покрие ни една, ни две ни двеста комисии.

ВМРО ДПМНЕ предупреди на стратегијата на Таравари. На кратко објаснета, таа е следна.

Чекор еден: обид да се сокрие од јавноста или премолчи секој трагичен случај.

Чекор два: обид да се замолкнат медиумите и да се ургира за да не се објавуваат лоши вести за Заев и Таравари.

Чекор три: доколку веста се пробие до јавноста, истата да се релативизира. Најдобро што смислиле ПР стратезите на Заев е да се префрла вината.

Чекор четири: доколку не успее префрлањето на вината, се формира комисија.

Чекор пет: комисијата одолговлекува и откако ќе спадне тензијата околу скандалот, носи заклучок дека Таравари е најдобриот министер во свет, немало никаков пропуст, а на новороденчињата им било пишано да починат.

Тоа што аздисаните Таравари и Заев не можат да го разберат е дека уште 10 вакви комисии да излезат со извештаи како се е перфектно, нема да се вратат починатите дечиња.

Зборот одговорност не постои ниту во речникот на Таравари ниту на Зоран Заев. За нив човечкиот живот вреди многу помалку од нивната политичка кариера. Никој во здравството и во владата не понесе одговорност за смртта на 10 новороденчиња само во измината недела.

Неспособноста на оваа влада и Таравари зави во црно десет семејства.

Партиските војници кои во времето на ВМРО-ДПМНЕ плукаа по македонското здравство, добија директорски позиции и сега немаат доблест да проговорат за трагичната ситуација во која СДС и Таравари го донесоа македонското здравство.

Дополнително, замената на професионалци за партиски војници од редовите на СДС придонесе за опаѓање на квалитетот на македонското здравство. Митаџии и луѓе со сомнителни морални вредности станаа директори по македонските клиники.

Таравари наместо да понесе одговорност и да си даде оставка се занимава со невкусни коментари по социјалните мрежи и директни конфронтации со граѓаните за кои работи.

Со доаѓањето на Таравари и СДС на власт здравството во Македонија е пред колапс. СДС и Таравари се најтешката болест за нашето здравство.

Очигледно е дека одговорност нема да понесат оние кои се најповикани, но граѓаните имаат други механизми да им ја наплатат штетата која Таравари и СДС ја направија во здравстовото и во целата држава. Локалните избори се ближат а СДС е исплашен и од тој страв ја носи државата во уште полоша позиција и ќе предизвика тотален крах на истата.

Граѓаните ќе го искористат своето гласачко право и секој еден граѓанин ќе ги казни за штетата која ја направија“, изјави Дафина Стојаноска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ