Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп го повика пратеникот Горан Сугарески од СДСМ да го поддржи Законот за земјоделство и рурален развој.
„Господине Сугарески, немојте повторно да гласате против потта на тутунарите, непроспиените ноќи на сточарите и трудот на жетварите“, порачаа од Центар за комуникации на ВМРО – ДПМНЕ од Прилеп.