ВМРО-ДПМНЕ: Нема разрешница за упадот во М-НАВ, власта ги спасува бандитите на ДУИ

Од:

По две недели уште нема разрешница за упадот во М-НАВ, власта ги спасува бандитите на ДУИ, реагира преку соопштение ВМРО-ДПМНЕ.

„Од директори од ДУИ, до напаѓачи од ДУИ до обезбедување блиско до ДУИ, сите патишта од упадот во М-НАВ водат кон ДУИ. Бандитите од европската ДУИ го загрозиле авиосообраќајот, само затоа што вработените не го прифаќале диктатот на власта за партиските вработувања на ДУИ. Агенцијата за обезбедување блиска до ДУИ не го заштитила објектот и дозволила влез на бандитите кои тепале вработени. М-НАВ наместо да го раскине договорот со Агенцијата за обезбедување, тие и понатаму продолжуваат да ги користат нивните услуги, иако истата не била на висина на задачата“, велат од партијата.

Од таму обвинуваат дека владејачката СДСМ молчи за ден повеќе на власт.

„Очигледно е дека власта не смее да го промени статус квото во М-НАВ, СДС заради ден повеќе власт молчи на секој испад на ДУИ. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО