ВМРО-ДПМНЕ не може да ги достави документите за Онкологија поради штрајкот во Обвинителството

Од:

Заради генералниот штрајк во администрацијата на Јавното обвинителство не сме во можност да ги доставивме денеска документите до Јавното обвинителство за случајот „Диво месо“ на Онкологија, но тоа не значи дека нема да дојдеме повторно вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Јасна е интенцијата, до сега нема никаков предмет оформен од Јавното обвинителство, има само изјави за некакви активности, но всушност нема никаква реакција, што остава простор за сомнеж дека криминалот се остава непречено да продолжи да тече на Онкологија. Два месеца од случајот, 20 дена од прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ дека скандалот „Диво месо“ на Онкологија продолжува. И со отсуство на реакција јасно е дека тоа така ќе продолжи се додека на Ислам Абази му седат над глава, а Јовески чека да стане уставен судија. Уште пострашно е што Јовески самиот на собраниската комисија за Онкологија, се спротивстави на овие докази и се спротистави на комисијата во Собранието, додека се уште нема ништо, нема никаков предмет од случајот „Диво месо“, криминален канцер на Онкологија. Затоа во надеж дека некој обвинител ќе се охрабри и нема да дозволи „Диво месо“ да заврши како модуларната, Беса Транс, Ласкарци, како што најавивме документите донесени до ВМРО-ДПМНЕ преку укажувачи на криминал и корупција ќе бидат доставени до Јавното обвинителство, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

На Богородица фатен Србин со 5000 штеки цигари, Обвинителството бара притвор

Ја тепал со боксови и клоци, се заканувал дека ќе ја запали куќата, Обвинителството бара притвор за гевгеличанец

Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници

Катерина Ѓуровски

Загадена вода преку пумпите на „Комуналец“ влегла во главниот водовод, Обвинителството објави детали

Ленче Ристоска: Не е точно тврдењето на државниот обвинител Савески дека предметот „Талир 2″ ќе беше во мое надлежно постапување доколку не поднесов оставка

Предраг Петровиќ